Гир не коментира за злоупотребените 2,2 милиони евра што Македонија треба да ги врати

Вчера јавноста беше известена дека Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ, бара Македонија да врати 2,2 милиони евра европски пари што биле дадени во земјава, кои биле злоупотребени во програмата „Еразмус Плус“.

Амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска истакна дека ЕУ очекува Националната агенција да ги спроведе препораките дадени од ОЛАФ за „Еразмус Плус“.

– Во согласност со стандардните процедури не коментираме за одлуки донесени од ОЛАФ. Тоа е телото на Европската Унија за истражување измами. Очекуваме од Националната агенција за „Еразмус Плус“ во Македонија да ги испорача сите препораки дадени од ОЛАФ. Продолжуваме да имаме доверба во работата на Агенцијата за „Еразмус плус“, што значи дека остануваме убедени дека буџетот определен за „Еразмус Плус“ нема да се намали. Програмата ќе остане придобивка од која корист ќе имаат учениците, студентите, младите и универзитетите, изјави евроамбасадорот Гир.

Слични објави