Гир: Борбата против корупцијата, правната држава, реформата на јавната администрација главен проблем на секоја влада

од Вести365.МК | М.Т.

Наративот е да имаме добри демократски избори во Северна Македонија. Минатото изборно досие е многу успешно и се надеваме дека различните политички партии и различните кандидати ќе понудат јасен избор на електоратот. Апсолутно треба да се спречи таа поларизација и дезинформации и да работиме на мирни, колаборативни изборни процеси што ќе бидат една успешна сторија, без разлика кој ќе победи на изборите.

Ова вчера го порача евроамбасадорот Дејвид Гир на настанот организиран од Европското движење на кој беа презентирани приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ од страна на амбасадорот на Белгија во Северна Македонија со седиште во Софија, Фредерик Мерис.

Гир истакна дека многу од приоритетите на белгиското претседавање се многу важни и во Македонија, како на пример како се справуваме со зелената транзиција, владеење на правото, социјалната транзиција…

-Изборите ќе доведат до формирање нова влада и таа ќе мора да се справи со сите овие приоритети и предизвици. Граѓаните ќе очекуваат резултати во справувањето со борбата против корупцијата, правната држава, реформата на јавната администрација ќе биде главен проблем на секоја влада што ќе дојде. Имаме неколку патокази за реформите во правосудниот сектор, реформите во јавната и државната администрација, имаме извештај од скринингот, каде што се детектирани различни проблеми, како и оценувачка мисија од ЕК. Сето тоа се очекувања дека треба да се оди напред, нагласи Гир.

Евроамбасадорот повторно потенцираше дека апсолутно е непходен фокус на реформите во земјава.

Напомена дека секое одлагање на евроитегративниот пат на Северна Македонија има последици по земјата и по регионот и посебно се ризикуваат досегашните достигнување на земјата во кои што меѓународната заедница инвестираше.

Слични објави