Герила акција: За пратениците месо, за студентите кромид

од Вести365.МК Ј.Р.

Со герила – урбана акција наречена “Општествени контрасти” и невладините застанаа зад студентите и нивната борба за подобар стандард. На две различни маси, со две различни менија пратеничкиот и студентскиот на малиот сквер во близина на Т.Ц. “Буњаковец”, групата „Урбани уметнички акции“ сака и визуелно да ја покаже нееднаквоста во македонското општество

Како што е и прикажано, активистите од оваа група сакаат да покажат, како што велат, дека – студентската трпеза, со леб, конзерва туна и кромид, ја покажува ограниченоста на сумата од 140 денари која студентите ја добиваат како субвенциониран оброк од државата. До неа, менито и послуженото јадење на пратеничката маса го отвораат прашањето за повластените цени во собраниското бифе и зошто токму оние кои имаат најмногу секогаш плаќаат најмалку во оваа држава..

Како што велат активистите, црно-белиот контраст меѓу двете маси на најдобар начин покажува дека – со 140 денари не може да се обезбеди пристоен и хранливо балансиран студентски оброк.

Слични објави