Врховниот суд во Мичиген одлучи дека Трамп не може да биде дисквалификуван од изборите

Врховниот суд во Мичиген денеска го отфрли обидот за отстранување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година.

Одлуката на судот во Мичиген е во спротивност со пресудата на Врховниот суд во Колорадо со која се дисквалификува Трамп од претседателските избори во таа сојузна држава поради неговата наводна улога во немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година, пишува Си-Ен-Ен.

Трамп е првиот претседателски кандидат во американската историја кој е прогласен за неподобен за претседателската функција, според ретко користената одредба од 14-тиот амандман на американскиот Устав, кој им забранува на функционерите кои учествувале во „бунт“ да извршуваат јавна функција.

Слични објави