Денеска не очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд во главниот град, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен од југоисточна ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури во земјава ќе се движат во интервал од 2 до 9 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 7 до 14 степени. Во Скопје, минималната температура ќе биде 7, а максималната 12 Целзиусови степени. УХМР најавува задржување на облачното и дождливо време и утре.