Во петок, во Македонија ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд. Попладнето и во текот на ноќта, дождот ќе биде поинтензивен и со можност за грмотевици и силен ветер со брзина поголема од 70 км/час што може да доведе до локално невреме во одредени подрачја на државата.
Температурите наутро ќе бидат меѓу 1 и 7 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат од 7 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околните подрачја, времето ќе биде променливо облачно со можност за повремени дождови. Попладне, во некои делови од котлината, дождот ќе биде поинтензивен со можност за грмотевици и силен ветер.