Вработен во Општина Штип упатил закани по живот на градоначалникот Јорданов

од Вести365.МК Ј.Р.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината. Јорданов денеска изјави дека не сака да навлегува во детали со цел да не влијае во постапката.

Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден, а сторителот е познат на полицијата.

Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата, додава тој.

Прашан дали освен вчера и завчера имало инцидентот во неговиот кабинет, Јорданов одговори дека деталите ги има СВР-Штип. Инаку на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од градоначалниците на Општина Штип. Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од страна на СВР-Штип

Слични објави