Вработените во УЈП и Царина најавија нов штрајк ако нема зголемување на платите за 30%

Синдикалните претставници во УЈП и Царина не се откажуваат од своето барање – платите на вработените да се покачат за 30%, а не за 10% како што беше договорено вчера, бидејќи просечните плати во овие две институции според кажувањата на вработените се помали за 3 000 денари од сегашната просечна плата во земјата

Првиот човек на синдикалната организација „Солидарност“, Васо Недановски за „Алсат“ вели дека до петок истекува законскиот рок во кој посредникот треба да го достави предлогот до Министерството за труд и социјална политика, но доколку истиот предлог не биде прифатен од страна на вработените, тогаш вработените во УЈП ќе продолжат со протестот на работните места од следната недела.

Речиси идентичен стави имаат и цариниците, но и вработените во судската администрација. Ниту тие не размислуваат за отстапување од барањата и нивните плати да се зголемат за 30%. Доколку ова барање не се оствари, протестите пред судовите во Скопје ќе продолжат, а постои и можност за радикализација, односно, од септември да се започне со протести во сите судови во С Македонија.

„Го поздравуваме вчерашниот договор, но нашето барање за итно зголемување од 30% е законско право што не може да се ускрати. Продолжуваме со ставот дека доколку не се исполнат овие барања, ќе бидеме подготвени за генерален штрајк“, велат од Синдикатот на Царинската упраава.

Слични објави