Во тек е полициска акција за заплена на поголема количина дрога, има приведени

од Вести365.МК | Е.Д.

Во тек е полициска акција во која е пронајдена дрога и има приведени лица, потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи.

Повеќе детали за акцијата оттаму најавуваат по нејзиното завршување.

Извори од МВР за државната новинска агенција информирале дека акцијата почнала утринава на наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостивар – Тетово и дека во неа е запленето поголемо количество дрога.

Истите извори навеле дека станува збор за една од низата акции кои Министерството за внатрешни работи ги спроведува изминатиот период, а во кои беа приведени повеќе осомничени дилери, меѓу кои и двајца просветни работници, односно наставници во училишта во Скопје и во Прилеп.

Слични објави