Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека по крајот на годината на Русија ќе и биде дозволено да ја задржи својата Амбасада во Берлин и уште еден Конзулат.
– Целта на мерката е да се постигне паритет во бројот на вработени и структурите на двете земји, истакна Бургер.
Руската Влада неодамна соопшти дека до 350 претставници на германската држава, вклучително и оние кои работат во културните институти и училишта, би можеле да останат во земјата.