Во Брисел почнува објаснувачкиот скрининг за Кластер 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност

од Вести365.МК | М.Т.

Бојан Маричиќ, заменик-претседател на Владата за европски прашања, ќе го отвори состанокот за Поглавје 21 и 14 во Брисел, кои се дел од Кластерот 4, наречен „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. На состанокот, кој се одржува од 15-ти до 20-ти март, Европската комисија ќе го презентира новиот корпус на европското законодавство за Поглавјата 14, 15, 21 и 27.

На отворањето на состанокот, ќе присуствуваат и 15 новинари кои беа дел од проектот „Нордиска поддршка за напредок во Северна Македонија“, поддржан од Секретаријатот за европски прашања и Владата на Шведска. Новинарите ќе имаат можност да се сретнат со вршителката на должност директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, како и со советниците за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет.

Во текот на утрешниот ден продолжуваат преговорите за Поглавје 21, заедно со Поглавје 15.

Слични објави