Двајца пилоти загинаа кога воените авиони со кои управувале се судриле над Гвидонија Монтеселио, на околу 35 километри североисточно од Рим, јавуваат медиумите.
Едниот од лесните летала се урна на земја во воздухопловната база Гвидонија, а другиот на паркиран автомобил на улица.
Други повредени нема, јавуваат италијанските медиуми.
На местото на несреќата е испратена полиција и итната помош.
Според првичните информации, во несреќата учествувале два стари воени авиони.
Авионите летале како дел од однапред испланирана мисија за обука, а причината за несреќата се уште не е позната.