ВМРО-ДПМНЕ: 2 август 1903 и 2 август 1944 ќе останат впишани како темелници на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Илинден на сите граѓани. 2 август 1903 и 2 август 1944 ќе останат впишани како темелници на Македонија. На денешен ден пред 121 година народот го крена својот глас за слобода. Организирано, сплотено и со една мисла, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Илинден ги сплотил сите под бајракот на слободата, слободата која ја живееме денес, е плод на искрата кој тогаш беше запалена, а се реализира 41 година подоцна на 2 Август 1944 година.

Македонија денес е слободна, но борбата продолжува, за напредок, поубава иднина за сите.

Следуваат години со успешна и плодна работа за Македонија. За иднините генерации да наследат Македонија посовршена од тоа што сме наследиле ние. Честит Илинден, стои во честитката од партијата.

Слични објави