СДСМ за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици, нема инсулин, деца умираат зошто нема пари за лечење. Со 40 милиони колку што власта потроши на матните тендери за софтвери и 20 милиони дупка во Онкологија ќе се направеше половина Клинички центар, можеше да се опремат сите болници низ државата со најсовремена опрема, ќе се набавеа 1.200 болнички возила, ќе се купеа лекови за ретки болести, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека наместо за народот власта краде од тендери, а краде и од болните, кои наместо терапија добиваат физиолошки раствор.
– Македонија не може да тргне ни милиметар напред додека СДСМ и ДУИ се на власт, зошто додека тие крадат на тендери и од болните, деца умираат зошто нема пари за лечење, истакнуваат од партија.а Во соопштението се потенцира дека со СДСМ и ДУИ во Македонија базичните услуги кои треба да ги обезбедува системот стануваат луксуз. Потребни се промени. Потребен е рестарт на системот