Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој беше носител во ИЕ5, денес ги подигна мандатите на пратениците од неговата партија и нивните уверенија. Тој во изјава за медиумите истакна дека очекува до 28-ти мај да се формира новото Собрание, а до средината на јуни да се формира и новата Влада.
За утрешното прегласување на седум избирачки места, Сајкоски рече дека како партија очекуваат уште еден пратеник од ИЕ5.
-Од првиот до вториот круг се види дека расте поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. За обвинувањата за изборен инженеринг, и ДИК и нашите преставници и Управниот суд укажаа дека имало нерегуларности при гласањето во избирачките места во Дебреште.
Не очекувам никакви проблеми туку да се зголеми поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и нашиот кандидат, кажа Сајкоски од посетата на Државната изборна комисија.