ВМРО-ДПМНЕ: МВР да истражи доколку има сомнежи за криминал во РЕК Битола

од Вести365.МК Ј.Р.

Пред СДСМ да направи каква било прес – конференција за РЕК Битила, нека кажат каде е Васко Ковачевски, реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на опозициските обвинувања дека енергетскиот комбинат неколку дена е нефункционален поради, како што велат, „криминални зделки и тендери“ склучени од новото раководство, поставено од Владата.

„Васко Ковачевски избега од државата поради криминал од невидени размери во РЕК Битола, а тој беше поставен од СДС на таа функција како нивен член. СДС нека каже каде е Васко Ковачевски и зошто бега од лицето на правдата, кога нивни судии и обвинители ќе го водат процесот, па можеби и ќе му ја намалат казната и ќе го пуштат на улица? Доколку има некаков вид на сомнеж за корупција и криминал, тоа веднаш мора да се испита од страна на МВР. А од друга страна, за разлика од порано цената за електрична енергија нема да се зголемува на секој 3 месеци како во нивно време. За разлика од власта на СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните и нивните потреби“, се вели во партиското соопштение.

Претходно, СДСМ обвини дека РЕК Битола склучила рамковен договор вреден 150 милиони денари (околу 2,5 милиони евра) со фантомска фирма без вработени, техничка опрема или искуство – чии управител, како што рекоа неофицијално е молер со кривична историја во Германија.

Слични објави