Уставни измени и предавство или национално единство и фер шанса, Ковачевски да одбере, а народот избира единство и фер шанса. Неточно е тврдењето на власта дека ако не прифатиме уставни измени државата ќе влезе во изолација, бидејќи ме може да влеземе некаде каде веќе се наоѓаме, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Истакнуваат дека Македонија со СДСМ е веќе во изолација, затоа што владеат со криминал, и прават предавства на секој чекор.
– СДСМ секоја година тврдат дека сме почнале преговори со ЕУ, а преговори никаде нема. Па така 6 години откако еве почнавме преговори, а всушност седејќи во чекалницата на ЕУ најлесно им е да кажат дека уставните измени ако не се донесат нема да влеземе во ЕУ, со кои всушност нема ниту преговори, потенцираат тие.
Додаваат дека шест години Македонија ја ограбуваат и ги лажат народот СДСМ и ДУИ.
– ВМРО-ДПМНЕ подготвена на пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за ДУИ после 20 години власт отиде во опозиција. Кога ДУИ ќе заминат во опозиција, ќе и се раздени на Македонија. Потребен е пакт за национално и државно единство, за да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса, каква што ја имале и другите држави од Централна и Источна Европа кога пристапувале во ЕУ, стои во соопштението.