ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одбере – Ахмети и ДУИ или Македонија

Ковачевски да одбере – Ахмети и ДУИ или Македонија. Ковачевски да се оттргне од прегратките на ДУИ, да дојде на лидерска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат СДСМ да не се однесуваат детски, лидерска средба, не е средба за ПР, туку средба од која треба да произлезат реални заклучоци.

– Ковачевски да се охрабри да дојде на лидерска, на која ќе се разговара што после неуспехот на уставните измени. Одговорност за погрешните политики, и водење на државата спротивно на ставот на 80% од Македонците мора да има, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласуваат дека  Ковачевски мора да одбере дали ќе продолжи слепо да ги слуша ДУИ или ќе покаже малку интегритет и ќе дојде на лидерска.

– Време е Ковачевски да одбере – Ахмети и ДУИ или Македонија, стои во соопштението.

Слични објави