ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го користи Ковачевски како греач на фотелја за премиер

од Вести365.МК Ј.Р.

„ДУИ го гледа Ковачевски само како чувар на фотелјата за премиер од ДУИ, тој за нив нема никаков авторитет. Полека но сигурно се покажува кој е вистински газда во владата, а кој е негов извршител. Ковачевски е марионета на Груби и Османи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прилично непријатна улога на Ковачевски кој е премиер во периодот кој мора да се премости од неговиот претходник до неговиот наследник.

За тоа како се договорени треба да си каже самиот Ковачевски, а ова е доказ дека власта троши време само на комбинаторики и тендери наместо да решава проблеми. Ковачевски само живее во заблуда дека е премиер, во реалноста, од ДУИ му ги бројат деновите кога ќе си замине.

Бујар Османи јавно го посрамоти Ковачевски и на отворена сцена го кажа тоа што сите го мислат, дека Ковачевски е само греач на фотелја.

Ковачевски има улога на англиска кралица, додека тој мисли дека е премиер, Груби промовира надзор од 22 милиони евра со фирма за гаќи, ја срамоти државата и го минира проектот. ДУИ само го користи Ковачевски за криминал и за чување на позицијата за премиер од нивната партија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Слични објави