ВМРО-ДПМНЕ: Ако Груби и Ковачевски не го гледаа својот интерес со 300 милиони ќе имаше два нови клинички центри

150 училишта или два клинички центри ќе се направеа со 300 милиони евра, колку што власта веќе му должи на Бехтел. Ново училиште во скоро секое поголемо населено место можеше владата да направи со 300 милиони евра, кои веќе им ги должи на Бехтел, што заради пенали, што заради аванс, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека илјадници ученици низ цела Македонија ќе учеа во нови училишта, ако Груби и Ковачевски наместо својот го гледаа интересот на граѓаните.

– Со 300 милиони евра владата можеше да изгради два нови клинички центри, како што беше проектот за тој во Скопје, кој власта го раскина, а сега и за него треба да плаќа пенали. СДСМ Македонија ја чини милиони за пенали и аванси, кои се резултат на нивната неспособност и криминогеност, истакнуваат од партијата.

Во соопштението се нагласува дека потребни се промени, за крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните.

Слични објави