Владика Петар: Родовата еднаквост е изопаченост, богохулие, а повеќе права за жените значи повеќе обврски

Според владиката Петар жените ако сакаке повеќе права требало да прифатат и повеќе обври, бидејќи поинаку станувало збор за нихилизам. Тој во своето велигденско послание ги нападна и тие кои се залагаат за родова еднаквост, велејќи дека тоа е богохулие.

„На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост! Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена, Господ ги создаде машко и женско и се друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо“ рече митрополитот Преспанско-пелагониски.

Тој ги обвини феминистичките здруженија дека барајќи права често го вперуваат прстот во Црквата. Oва следи по транспарент со вулгарна содржина за црквата на маршот на 8 Март во Скопје пред повеќе од еден месец.

Според него жената во денешно време е многу поеманципирана за разлика од минатото, но се повеќе има разведени жени и самохрани мајки.

„Треба дури да се одречеме од себеси, да живееме и да се трудиме за општо добро, за повисоки цели и идеали, да ги исполнуваме општоприфатените начела за етика и морал, да ги правиме општеството и светот подобри. Во спротивно, остварувањето на права без должности, што најсоодветно се нарекува анархија и хаос, го расипува и изопачува светот, кој, како таков, ја губи својата рамнотежа и хармонија. Токму таков е современиот свет, во кој семејството е поделено и дисфункционално, а човекот е сè поизгубен. Ете, таквото барање права без должности, кое всушност, ги негира и се спротивставува на основните човекови вредности – е резултат на најпогубната и најотровната на човекот понудена идеологија – нихилизмот”, рече владиката.

Слични објави