Нова телевизија ќе зрачи во етерот на скопскиот регион, откако вчера Агенцијта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината – регион кој е и по број на жители најголем, но и економски најмоќен во државата, објави порталот Фактор.
Според информациите на Фактор, зад овој нов медиум кој што би гтребало да почне да зрачи наскоро, стои Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“.
Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.
Во Одликата на Советот на АВМУ, меѓу другото, стои дека „се доделува дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на регионално ниво Скопје, што ги опфаќа градот Скопје и општините Чучер сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште, на правното лице ‚Преобразба“.
Дозволата се доделува на временски период од девет години, стои во одлуката.