Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи

од Вести365.МК | М.Т.

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, извести владината прес-служба

„Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само четири месеци. Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите. Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име. Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската“, се вели во владиното соопштение.

Слични објави