Висок функционер на НАТО: Војната во Украина нема да заврши во 2025

од Вести365.МК | М.Т.

Војната во Украина нема да заврши во 2025 година, така што НАТО мора да биде подготвен да ја поддржи Украина барем уште неколку години, изјавил висок функционер на НАТО за време на Самитот на алијансата во Вашингтон.

„На крајот на денот, сите ние треба да бидеме подготвени да продолжиме да ја поддржуваме Украина дури и по 2025 година. Како што веќе долго време кажувавме, ова не е конфликт што ќе заврши наскоро“, рекол тој, истакнувајќи дека Русија „сигурно“ би можела да го издржи во воена економија уште најмалку три или четири години, пренесува агенцијата „Униан“.

Тој оценил дека засега руското општество е подготвено за таков начин на живот.

Вчера во Вашингтон почна јубилејниот самит на НАТО, каде пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што претходно беше најавено, сојузниците на НАТО ќе ѝ обезбедат на Украина дополнителни стратешки системи за противвоздушна одбрана, вклучително и „Патриот“, донирани од Германија, Соединетите Американски Држави и Романија, како и оружје од Холандија и Италија.

Американскиот претседател Џо Бајден за време на својот говор на Самитот вети дека „енергично“ ќе ја брани Украина од Русија

Слични објави