Викендов ПОМЕСТЕТЕ ГИ СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ – Почнува летното сметање на времето

од Вести365.МК Ј.Р.

Викендов, односно последниот викенд од месец март ќе започне летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

До крајот на март денот ќе се зголеми, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Слични објави