Виена „ПОД ОПСАДА“ – Зголемени полициски патроли по дојавите за терористички напади

од Вести365.МК Ј.Р.

Виенската полиција денеска ја предупреди јавноста дека во градот се зголемил бројот на вооружени полициски патроли по добивањето закана дека ќе бидат нападнати црквите во градот.

„Ќе забележите дека во моментот има поголем број полициски сили кои патролираат опремени со специјална опрема“, се вели во соопштението на виенската полиција, пренесе „Ројтерс“.

Службата за државна безбедност и разузнавање (ДСН) има индиции за можен напад мотивиран од исламистите за таканаречените невралгични места, особено црквите“, изјави портпаролот на полицијата на прашањето на австриски „Стандард“.

Населението во Виена треба да биде подготвено за мерките на претпазливост што ги презема полицијата во Виена.

Свештеникот на катедралата „Свети Стефан“ во Виена, Тони Фабер, изјави дека моментно е многу среќен поради полициската заштита во неколку црковни институции, особено во катедралата „Свети Стефан“.

Медиумите пишуваат дека таму има и неколку возила на брзата помош.

Слични објави