Видео: Римац “Невера”, сруши 23 рекорди во еден ден!

Невера, автомобилот прозведен од Римац, продолжува да ги руши светските рекорди. Во само еден ден на тест патеката во Германија, тој собори дури 23 рекорди.

На патеката ATP (Automotive Testing Papenburg), која има правци долги четири километри, Невера имаше тест возења и постигна време побрзо од очекуваното. Претставници на компаниите Dewesoft и RaceLogic беа присутни за да ги потврдат времињата и открија дека електричниот хиперавтомобил беше побрз од очекуваното.

Невера беше опремен со сериски гуми Michelin Cup 2 R. Откако започна со вожењето, тој успеа да забрза од 0 до 60 милји на час за 1,74 секунди, што е побрзо од “официјалните” 1,85 секунди. Во исто време, тој постигна и забрзување од 0 до 100 km/h за 1,82 секунди според RaceLogic или 1,81 секунди според Dewesoft. Ова време го надмина времето што го пријави Римац, а тоа беше 1,97 секунди.

Мора да се напомене, дека тестирањето се изведуваа на обичен, неподготвен асфалт.

Претходно, Мате Римац, основачот на компанијата, најави дека Невера ќе постави нови светски рекорди за забрзување од 0 до 400 km/h и запирање до 0 km/h. Тој го исполни своето ветување со време од 29,94 секунди, што е побрзо од времето од 31,49 секунди што го постигна Koenigsegg Regera во 2019 година за истите задачи.

Невера носеше специјален “аутфит” во чест на BMW M3 на Римац, поточно целосно електричната серија 3 генерација E30 од 1984 година, која постави рекорди во 2012 година. Единаесет години подоцна, Мате може гордо да каже дека неговата Нецера достигнува 400 km/h и застанува побрзо отколку што McLaren F1 забрзува до 350 km/h и запира.

Слични објави