Ландо Норис, возачот на Ф1 тимот на McLaren, стана нов сопственик на McLaren 765LT Spider. Произведени се само 765 примероци од овој автомобил со уникатни детали од McLaren Special Operations (MSO) и многу јаглеродни влакна. Норис, кој се пресели во Монако, го одбра автомобилот обоен со карбонско сино. Контраст на сината боја и прават жолтите детали на каросеријата кои потсетуваат на кацигата на Норис, додека четирите линии се однесуваат на бројот 4 кој го има во Ф1. На наслоните за глава стојат иницијалите ЛН, а тука е и специјализираната плочка кај јасно укажува дека автомобилот е специјално направен за Норис, додека на самиот втомобил има потписи од луѓето кои работеле на болидот, вклучувајќи го директорот на McLaren Racing, Зак Браун.
McLaren 765LT е опремен со 4,0-литарски твин-турбо V8 мотор кој развива 755 КС и 800 Nm вртежен момент. Има седумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди, до 200 km/h за 7,2 секунди, а максималната брзина е 330 km/h.