Навивачите на Партизан популарните “Гробари” им приредија пеколен пречек на кошаркарите на Реал Мадрид во „Штарк арена“ во Белград.
„Црно-белите“ воодушевија и со спектакуларната кореографија посветена на Жељко Обрадовиќ.

Евролигата пред натпреварот објави мотивациско видео, во чест на Жељко Обрадовиќ, на Твитер кое ќе ги разгали фановите на Партизан, а е поврзано со успесите на српскиот стратег. Со моќна порака дека тој е единствениот на кого му успеало да поведе во една серија во плеј-офот на гости со 2:0 и тоа најпрво со екипата на Фенербахче, а сега истиот успех го повторува и со Партизан, кој очигледно беше аусајдер на почеток од сезоната.