Видео бим падна на Преспа форум врз модераторката

На Преспа форумот вечерва, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и на директниот пренос.

Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот трчаа да и помогнат. Сепак се покажа дека нема потреба и дека нема никаква последица, но дебатата беше времено прекината.

Од МНР информираа дека кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите.

Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панлеот продолжи  со предвидената агенда.

Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика; утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки

Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим, велат тие

Видеото погледнете го тука

Слични објави