Фудбалерите на ПСВ Ајндховен повторно го слават освојување на трофејот од Купот на Холандија. Во реприза на минатогодишното издание на Купот, тие успеаја да го совладаат Ајакс со резултат 1-1 (3-2) во драматичен меч на стадионот „Де Кујп“ во Ротердам.
Брентвајт донесе водство на Ајакс во 43. минута, но Азар успеа да израмни во 67. минута и да го го однесе натпреварот во продолженија. По 120 минути игра, немаше победник и затоа мораше да се пристапи кон изведување на пенали.
Играчите на ПСВ Ајндховен покажаа повеќе нерви и беа попрецизни во изведувањето на пеналите, што им донесе успех со резултат 3-2. Ова е единаесеттиот трофеј за тимот од Ајндховен во Купот на Холандија, кој е воден од Руд ван Нистелрој.
Сепак, за Тадиќ и неговите соиграчи од екипата на Ајакс, оваа сезона ќе заврши без трофеј, откако го загубија и финалето на Купот.