Верижен судар со 42 возила на автопатот М1 во Унгарија

од Вести365.МК | С.З.

Пет камиони и 37 автомобили учествувале во сообраќајка која се случила вчера во Унгарија на автопатот М1 кај Херцегхалом, во округот Пешта. Во оваа сообраќајна несреќа се повредени десетици луѓе, а некои се животно загрозени, соопшти полицијата во Будимпешта.

Според првичните податоци, во сообраќајката изгореле 19 возила, а повредени се вкупно 36 лица, од кои шест се здобиле со животно загрозувачки повреди, а 13 лица се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на настанот пристигнале десет возила на брза помош и три спасувачки хеликоптери, како и пожарникарски екипи. Пожарникари од неколку места им се придружиле на колегите од Будимпешта и припадниците од секторот за вонредни ситуации, заедно со четири спасувачки хеликоптери.

Се претпоставува дека причина за сударот е силниот ветар кој носел облаци прашина и ја отежнувал видливоста на патот. Автопатот М-1 е затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат на споредните патишта.

Слични објави