Еврокомесарот Оливер Вархеји на Вториот економски форум во Скопје истакна дека ЕУ работи напорно и дава целосна поддршка на Западен Балкан со нови можности за бизниси и за граѓаните со цел да го исполни ветувањето за приемот на Западен Балкан во ЕУ. Вархеји објасни дека економскиот план за инвестиции што беше лансиран пред две години досега вклучува 40 водечки проекти во вредност од 1,8 милијарди евра. Овие проекти ќе го подобрат растот, транспортната, дигиталната и енергетската поврзаност со ЕУ, и ќе го поттикнат регионот напред со креирање на работни места и раст. Вархеји исто така го прослави Белградскиот договор за финансирање со ЕИБ и ЕБРД со водечки проекти во вредност од 2,4 милијарди евра, вклучувајќи ја и изградбата на железничкиот коридор-Коридор 10, што го поврзува регионот со Грција. Вархеји истакна дека Берлинскиот процес постигна значителен напредок на регионалниот пазар, каде што земјите од Западен Балкан потпишаа три договори за мобилност. Вархеји го поддржа намалувањето на цените на роаминг со Западен Балкан, што ќе отстрани бариерите за патување, работење и мобилност на граѓаните во регионот.
Вархеји: Работиме напорно да му помогнеме на регионот и го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ
предходна објава