Бојкот на железничарите поради неисплатен дел од февруарската плата

од Вести365.МК | Е.Д.

Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ од денеска напладне почна бојкот, главно поради неисплатата на вториот дел од февруарската плата, но и неисплатената ноќна работа за кондуктерите.

Освен исплата на платите, вработените во „Железници“ бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, но и вработување на 40 машиновозачи – барање кое, како што велат, во февруари годинава го испратиле до Владата и до Министерството за транспорт и врски.

„Бојкотот ќе трае се до исполнување на нашите барања. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања“,

изјави Тони Димовски, претседател на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“.
Димовски вели дека засега вработените не добиле најава за средба со раководството на „Железници“.

Поради бојкотот на железничарите, возот кој од 14:30 часот требаше од Скопје да појде за Битола – нема да тргне.

Слични објави