Буџетска поддршка за владата од ЕУ вредна 80 милиони евра

од admin_vesti365

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е многу задоволен кога ветеното се реализира и има резултат. Тој истакна дека во време на криза се важни пријателите, а ЕУ докажа дека има слух за барањата на Северна Македонија и им помогна кога беше најпотребно. Во рамките на грантот од 80 милиони евра, веќе се достапни средства за субвенции на граѓаните за електрична енергија, поддршка за малите и средните претрпијатија и инвестиции во областа на енергетиката. Ковачевски истакна дека владата во соработка со сите институции и ЕУ спречи ценовен шок и овозможи стабилно снабдување со електрична енергија.

Евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека овој настан уште еднаш покажува дека ЕУ ги исполнува своите ветувања и дека солидарноста меѓу земјите членки е вредност која се практикува. Гир најави дека ЕУ ќе ги поддржува инвестициите во чиста енергија како дел од пакетот на една милијарда евра за Западен Балкан, при што Северна Македонија има важна улога во тоа.

Слични објави