Бројот на Американците кои со потешкотии обезбедуваат храна се зголеми за милиони во 2022 година

од Вести365.МК Ј.Р.

Бројот на Американци кои со потешкотии обебзедуваат доволно храна се зголеми во 2022 година од крајот на претходната година, вклучително и милион домаќинства со деца, покажуваат податоците на американското Министерство за земјоделство.

Властите во САД предупредуваа дека гладот ​​е во пораст, бидејќи Американците со ниски приходи се борат да закрепнат од пандемијата и завршувањето на програмите за помош во храна. 

Според извештајот, кој не дава објаснување за зголемувањето, 12,8 отсто од домаќинствата во државата, што е еднакво на 17 милиони домаќинства, со тешкотии обезбедиле доволно храна во 2022 година. Во 2021 година тие цифри биле 10,2 отсто или 13,5 милиони домаќинства. 

Речиси седум милиони домаќинства се соочија со многу лоша состојба за обезбедување храна, што означува дека вообичаените прехранбени навики на нивните членови биле нарушени или внесот на храна се намалил поради ограничените ресурси, соопшти Министерството за земјоделство. 

Слични објави