Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, при посетата во Скопје го потврди ставот дека македонскиот идентитет нема да се загуби со промената на Уставот и пристапувањето во ЕУ. Тој изрази оптимизам дека уставните измени ќе бидат донесени и дека активно ќе работи за пристапувањето на Македонија во ЕУ. Борел истакна дека промената на Уставот ќе ги унапреди основните права на заедниците и ќе го зачува македонскиот идентитет, без да биде загрозен со пристапувањето во ЕУ. Тој потенцираше дека луѓето имаат повеќе идентитети и дека пристапувањето во ЕУ нема да го намали значењето на македонскиот идентитет.
Борел: Македонскиот идентите нема да се загуби со промена на Уставот
предходна објава