Борбата против корупцијата Е РАЗОЧАРУВАЧКА, вели евроамбасадорот

Евроамбасадорот Дејвид Гир упати критики за исполнувањето на препораките за борба против корупцијата наведени во ланскиот извештај на Европската комисија.

Според него состанокот е можност да се направи осврт на задачите кои  претстојат на Македонија во борбата против корупцијата, односно да се види што е направено и како да се напредува понатаму.

Додаде дека борбата против корупцијата е од клучно значење, не само затоа што Македонија е во процес на преговори со ЕУ во рамките на кој оваа област ќе биде дел од сите поглавја, туку уште поважно е што е во интерес на сите граѓани заради иднината, заради квалитетот на живот, особено за младата генерација која често гледа излез надвор од земјава.

Според евроамбасадорот борбата против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото е во центарот на процесот на проширување на Унијата, а задача на власта, на државните институции, владата и парламентот е да бидат пример во тој поглед.

– Иако гледаме некаков напредок во реформите врзани со владеењето на правото, борбата останува разочарувачка. Во извештајот на Европската комисија има јасни насоки што треба да се прави и кои се приоритетите. Сите ги знаеме, но досега премалку е постигнато. Нивото на имплементација е недоволно, изјави евроамбасадорот Гир.

Во воведното обраќање  денешниот работен состанок во Владата на кој учествуваше и вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска.

 тој кажа дека треба политичка посветеност од сите, а своја улога треба да има и Парламентот. Исто така неопходен е засилен ангажман од институциите, зајакната антикорупциска законска рамка и нејзина реализација, но и заедничка рбаота на власта и опозицијата.

Гир уште еднаш кажа дека се неопходни проактивни истраги, ефикасност на обвинителството и борба против корупцијата на сите нивоа. Притоа потсети дека судството има клучна улога во борбата против корупцијата.

Потребни се независни судии и обвинители за да се врати јавната доверба во судството, рече Гир и потсети дека ЕУ инвестираше многу во борбата против корупцијата во земјава и сега е време да се испорачаат видливи резултати.

Слични објави