Германската министерка за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, посочи дека знае колку се важни моментите кога се прават промени на Уставот.
„Во вакви моменти кога се прави промена на Уставот, процесот е многу различен помеѓу демократиите и автокартиите или дикатурите – каде се менува само со потпис на еден човек. Во демократијата мора многу напорно и за секој глас да се борите. А за да има 2/3 мнозинство, секој глас е значаен. Мора да се седи на иста маса со опозицијата“, посочи Бербок.
Бербок исто така нагласи и дека во моменти на менување на Уставот, партиската книшка или изборите, не треба да бидат на прво место, туку прашањето зошто всушност се прави“.