Белград и Приштина ПОСТИГНАА ДОГОВОР, еве што содржи “Охридскиот” анекс во 12 точки

од Вести365.МК Ј.Р.

Косово да почне со формирање на Заедницата на српски општини а Србија да преземе активности за проблемот со исчезнатите во косовската војна од 1999 година. На ова се однесуваат две од 12 те точки во Анексот на договорот за нормализација кој вчера во Охрид што го услогласија Вучиќ и Курти под покровителство на ЕУ но не го потпишаа на инсистрање на Вучиќ. Од текстот произлегува деќа Договорот и Анексот ќе влезат меѓу критериуми за Косово и Србија на Патот кон ЕУ а секое неисполнување обврски од нив може да има директни негативни последици за процеси за пристапување во ЕУ и за финансиската помош што ја добиваат од ЕУ стои во третата и во последната точка од Анексот.

СТРАНИТЕ ПРИМААТ НА ЗНАЕЊЕ ДЕКА ДОГОВОРОТ И АНЕКСОТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ЌЕ СТАНАТ СОСТАВЕН ДЕЛ НА СООДВЕТНИТЕ ПРОЦЕСИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА КОСОВО И СРБИЈА ВО ЕУ. СТРАНИТЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ ДЕКА ВЕДНАШ ПО УСВОЈУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ И ОВОЈ АНЕКС, ПОСРЕДНИКОТ НА ЕУ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ПРОЦЕС НА ПРОМЕНА НА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ПОГЛАВЈЕТО 35 ЗА СРБИЈА ПОРАДИ ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРОТ И ОВОЈ АНЕКС. АГЕНДАТА НА КОСОВСКАТА СПЕЦИЈАЛНА ГРУПА ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА ПОДЕДНАКВО ЌЕ ГИ ОДРАЗУВА НОВИТЕ ОБВРСКИ НА КОСОВО КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРОТ И ОВОЈ АНЕКС.

Со Анексот се уредува и донаторска конференција чија цел е обезбедување пакет за инвестиции и финансиска помош за Косово и Србија. Сите точки ќе се спроведуваат независно една од друга а Косово и Србија нема да ја блокираат примената на ниту еден член, предвидува овој Анекс.

По денешните реакции во Србија и Косово, аналитичарите оценуваат дека за време на вчерашниот дијалог во мегу Белград и Приштина постигнат е дипломатксиот принцип да нема целосен победник.

Слични објави