Бектеши најави враќање на дневната евтина тарифа на струјата и зголемување на платите

од Вести365.МК | С.З.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави можно враќање на евтината тарифа на струјата и воведување на нови мерки за поддршка, за најранливите граѓани. Состојбата во делот на економијата се стабилизира. Платите во администрацијата ќе се зголемат од 1-ви март, по што ќе следи зголемување на платите и во приватниот сектор. За заштита на најранливите, во пазарната економија ќе се донесат и неколку административни одлуки. Претседателот на РКЕ ќе објасни повеќе за анализите што се прават за новата цена на електрична енергија, а новата одлука ќе значи и можност за помош на пензионерите и невработените од 1 јули. Дополнително, може да се врати и дневната тарифа за тие што во тој дел од денот се дома. Бектеши го најави ова пред презентацијата на студијата “Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија”.

Слични објави