Мултимилијардерот Ворен Бафет го објави досега најдеталниот план за тоа што ќе се случи со неговото богатство по неговата смрт.
Планот е содржан во писмото на Бафет до акционерите на американскиот инвестициски конгломерат „Беркшир Хатавеј“, чиј извршен директор е тој. 94-годишникот во писмото од 1.300 зборови напишал дека очекува неговата прва сопруга да го надживее и да одлучи како ќе се подели богатството. Тој истакна дека неговиот живот стигнал до десеттата деценија како голема среќа, но свесен е дека му се ближи крајот.
Тој се надева дека неговите три деца – Сузи, Хауард и Питер, кои сега се во шеесеттите и седумдесеттите, ќе живеат доволно долго за да одлучат на кои добротворни организации ќе им биде дониран дел од богатството на нивниот татко. Им постави задача да ја донесат таа одлука едногласно. Меѓутоа, доколку не можат да се договорат околу тоа, богатството ќе биде донирано на три субјекти кои тој ги одредил, а кои тој не ги прецизирал во писмото.
„Очекуваниот животен век на моите деца е значително пократок отколку кога го дадов ветувањето во 2006 година. Никогаш не сакав да создадам династија или да следам некоја агенда која оди подалеку од самите деца“, напиша еден од најбогатите луѓе на светот.
Тој најави дека ќе конвертира 1.600 акции од класа А во 2,4 милиони акции од класа Б, кои имаат пониско право на глас. Од тие 2,4 милиони акции, 1,5 милиони ќе бидат донирани на Фондацијата „Сузан Томпсон Бафет“, именувана по неговата прва сопруга која почина, додека 300.000 акции ќе бидат донирани на три фондации управувани од неговите деца, чија вкупна вредност е 1,2 милијарди долари.
Покрај тоа, Бафет е донатор на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, која беше основана од ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда.
Во 2006 година, тој вети дека постојано ќе го донира своето богатств.
Според Форбс и Блумберг тој е богат 150 милијарди долари и се наоѓа на шесто место на најбогати луѓе во светот.
Тој претходно им даваше совети на другите богати родители како да постапат со својот имот пред да починат.
„Кога вашите деца се полнолетни, нека го прочитаат вашиот тестамент пред да го потпишете. Погрижете се секое дете да ја разбере логиката на вашите одлуки и одговорноста со која ќе се соочи по вашата смрт“, советува Бафет, според Си-Ен-Ен.