Ахмети и Таравари со исто барање – укинување на претседателските избори

од Вести365.МК | М.Т.

Али Ахмети и Арбен Таравари ја отвараат својата изборна понуда со иста агенда: укинување на претседателските избори и избор на претседател во Собранието. Без исполнување на овој услов, кој подразбира и уставни измени, немаат намера да учествуваат во Влада. Вчера кандидатот за претседател на опозицискиот блок „Вреди“ побара партиите во Собрание консензуално да се договараат кој ќе биде шеф на државата, а лидерот на владеачката партија го надгради барањето со воведување и нова функција: потпретседател.

Според Ахмети, отворањето на Уставот за прашањето за претседателот ќе овозможи реализација на договорот за добрососедство и продолжување на евроинтеграциите.

Изборите кои се пред нас, парламентарните и претседателските, се од одлучувачка важност во ова битка. Затоа на овие избори одлучивме да побараме од Вас да останеме заедно, да се построите со нас за реализација на нашето барање (од 2016 и 2020) за уставни измена и избор на Претседателот и Заменик Претседател на државата во Собрание, вклучување на бугарската и другите заедници во Уставот и да и кажеме одлучно НЕ на Русија, и ДА на Европа. Пред Вас, давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме егзистенцијалните закани за нашата земја – порача Ахмети

Таравари наоѓа поткрепа во принципите на Охридскиот рамковен договор за консензуална демократија. Бара отварање на Уставот за три теми: внесување на Бугарите во Преамбулата, впишување албански јазик наместо јазик што го говорат 20 одсто и договарање – една од трите главни функции во државата по автоматизам да им припадне на Албанците.

-Изборот на претседател да се прави во Соранието од следните редовни избори. Во иднина двете нахголеми националности во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции – вели лидерот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари.

Слични објави