Ауди со РЕКОРДНИ БОНУСИ за своите работници

од Вести365.МК Ј.Р.

Ауди имаше причина да се пофали на годишната конференција на компанијата. Со брендовите Бентли, Ламборџини и Дукати, добивката по оданочувањето изнесува неверојатни 7,12 милијарди евра.

Ауди испорача само 1,6 милиони автомобили минатата година – најмал број од 2013 година, но благодарение на високите цени, големиот удел на поскапи возила и, за прв пат, вклучувањето на производителот на луксузни автомобили Бентли во билансот на Ауди, вредноста на продажбата е зголемена за 16 отсто на рекордни 61,75 милијарди евра.

За деловниот резултат придонесоа и брендовите Бентли, Ламборџини и Дукати со 1,4 милијарди евра.

Вишокот пари значи дека треба да се распределат некаде. Бенефит ќе имаат акционерите, дел ќе одат за нови инвестиции, особено во Кина, која е пазар во пораст, а дел ќе одат за работниците.

Околу 55.000 вработени во Ауди во Германија добија увид во планот за распределба на профитот, пишува Manager Magazin. Квалификуваните работници ќе добијат бонус од 8.500 евра, велат од компанијата.

Слични објави