Атина во пламен: Демонстрантите се судрија со полицијата (ФОТО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Граѓаните на Атина, кои денеска излегле на улиците потресени од трагичната железничка несреќа во која животот го загубиле 57 лица, се судриле со полицијата која излезлегла да го обезбедува протестот.

Илјадници луѓе се собрале изутрината пред грчкиот парламент на плоштадот Синтагма за да го изразат својот протест против владата и железничката компанија кои ги сметаат за одговорни за неодамнешната несреќа.

Според грчките медиуми, се собрале повеќе од 12.000 луѓе кои пуштале црни балони во воздух, во спомен на жртвите. Други носеле транспаренти во кои се бара оставка на владата и одговорност на железничарите.

Половина час потоа, демонстрантите станале насилни. Грчките медиуми јавуваат дека еден од демонстрантите фрлил молотов коктел, а полицијата веднаш одговорила со шок бомби и солзавец. Граѓаните потоа почнале да бегаат, а имало неколку одделни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Медиумите јавиле дека бил опожарен багер кој вршел работи недалеку од зградата на градската управа.

Слични објави