Аргентина објави дигитална архива на нацисти кои избегале во земјата по Втората светска војна

од Вести365.МК Ј.Р.

Аргентинската влада објави дигитална архива на активностите на нацистите кои избегале во земјата по Втората светска војна.

Дигиталната архива вклучува документи за озлогласени криминалци како што се Јозеф Менгеле и Адолф Ајхман.

Станува збор за повеќе од 1.850 документи кои беа достапни само во печатена форма во Националниот архив на Аргентина од 1992 година, но сега се објавени онлајн и секој може да пристапи до нив, благодарение на „обемните напори за реставрација и дигитализација“, како што објави денес Министерството за внатрешни работи.

Документите за полковникот на СС Ајхман, кој беше одговорен за транспорт на милиони Евреи во логорите на смртта, сега се достапни за секој корисник на интернет.

По Втората светска војна, „архитектот“ на холокаустот избегал во Аргентина каде што израелските агенти го заробиле и го префрлиле во Израел во мај 1960 година. Адолф Ајхман бил суден за злосторства против човештвото, а две години подоцна бил обесен.

Менгеле бил доктор во нацистичките концентрациони логори, познат по своите ужасни „експерименти“ и останал запишан во историјата како „Ангелот на смртта од Аушвиц“. Првично избегал во Аргентина, а потоа во Бразил, каде што го починал од природна смрт во 1979 година.

Слични објави