Антиинфлациски договор меѓу владата н Франција и супермаркетите

од Вести365.МК | С.З.

Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, изјави дека се договорил со водечките синџири на супермаркети за антиинфлациска кошничка, која ќе ја дефинираат сами. Целта на оваа кошничка е да се намалат трошоците за основните продукти за граѓаните. Трговците на мало ќе ги понудат на потрошувачите најниски можни цени за артикли што сами ќе ги изберат во период од три месеци.

Министерот Ле Мер истакна дека се очекува попустите да ги чинат трговците на мало стотици милиони евра. Во јуни, трговците на мало и владините претставници ќе ја преоценат ситуацијата и може да побараат од главните доставувачи на стоки за широка потрошувачка повторно да преговараат за цените со малопродажните компании.

Прелиминарните податоци на статистичката служба INSEE покажуваат дека инфлацијата во Франција неочекувано забрзала на 7,2 отсто во февруари од 7 отсто во јануари, делумно поради повисоките цени на храната.

Антиинфлациската кошничка со основни прехранбени производи е последниот обид на Владата да покаже политичка поддршка за граѓаните со помали примања. Во почетокот, Владата се обиде да дефинира единствена кошничка со дневни потреби, но супермаркетите се бореа за правото сами да одлучат која храна да ја вклучат.

Слични објави