Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски убедливо пред СДСМ и Ковачевски, граѓаните против договорот со „Бехтел и Енка“

ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство пред СДСМ, како и лидерот на партијата Христијан Мицкоски пред лидерите на владината коалиција Али Ахмети и Димитар Ковачевски, покажа последното телефонско истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведено од 23 до 26 мај 1.112 полнолетни испитаници.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности. Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС. 

Слични објави