Андоновски: м.Услуги (m.Uslugi) – апликација што ја носи Македонија на дланка

од Вести365.МК Ј.Р.

На Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави новата национална супер апликација м.Услуги (m.Uslugi), нарекувајќи ја „револуција на умот и делувањето“. Супер апликација значи дека апликацијата ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните, со можност за складирање на електронски документи, најкористени услуги, потсетник за истекување на рокови и електронско сандаче.

Ова е една апликација што ја носи државата на дланка – една апликација за сите важни документи, една апликација за сѐ. м.Услуги е новата и единствена супер-апликација, едноставна за симнување, прелистување, зачленување и користење“, изјави Андоновски.

Апликацијата м.Услуги овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и личната карта, директно на својот мобилен телефон, со целосна безбедност и контрола врз сопствените податоци. Преку ултра безбеден QR код се овозможува споделување информации без ризик, со користење на енкрипција со највисоки безбедносни стандарди.

Слични објави