Ангелов: Намерно се палат шуми за потоа да падне цената на дрвата

Кој е причината за пожарите во Македонија? Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 на ова прашање одговори:

„За жал тоа е човекот. Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат, и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат отпушоци од цигара, и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири. Исто така се палат шуми намерно за потоа дрвата да бидат поевтини. Затоа со државата работиме да го надминеме и овој проблем. Крадците палат шума за потоа да ја купат поевтино“, кажа Ангелов.

Ангелов рече дека статистиката е фрапантна и дека пожарникарите гасат 20 пожари на ден.

„За нас сите пожари се подеднакво опасни, затоа што и мал пожар за кратко може да дојде до голем пожар. Вообчаено медумите да известуваат за големи пожари, но и малите се многу важни. Секојдневно пожарникарите гаснат по 20 пожари. Статистиките се алармантни, во јули имавме 210 пожари, 60 беа ниска трева, а седум во јули влегоа во квалитетна шума и предизвикаа загуба. Досега имаме 223 пожари на отворено. Но, сега имаме многу подобра реакција, и сега имаме рана детекција, сега се нанесува тој почетен удар. Јас сум задоволен од храбрите пожарникари кои веднаш излегуваат на терен.“, рече Ангелов.

Слични објави